Предлошка:Дали сте знаеле/Архива
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
...Боцвана е една од најслабо корумпираните држави во Африка, на исто ниво со Португалија?
...стигмите кои ги имал Свети Пио, во текот на животот, му исчезнале пред да го напушти земскиот живот?
...матичниот народ на Монако, Моначани, е всушност малцинство во својата држава?
... дека инфраструктурата во Тавантинсују била толку добра што Часките од Кито до Куско пренесувале порака за само една седмица?
... Хаити е првата независна држава во Латинска Америка и воедно единствена држава која својата независност ја стекнала преку успешна буна на робови?
... Делавер е првата сојузна држава на САД и првата држава која го ратификувала уставот на САД?
... после зголемен внес на јаглехидрати, една десетина од црнодробната маса може да постои како гликоген?
... Бутан е единствената држава во светот која мери среќа на своето население?
... со своите шест фази на развој и петте различни писма на пишување, египетскиот јазик е еден од најстарите запишани јазици во светот?
...според законот за зачувување на масата, таа не може да се создаде или уништи, но може да се прераспореди во просторот и да се измени во различни типови на честички?
...Боцвана е една од најслабо корумпираните држави во Африка, на исто ниво со Португалија?
...стадиумот на возрасна единка или имаго (за разлика од ларвата) на еднодневките е краток и трае од неколку часа до неколку дена?
...Јована Лудата имала 6 деца и сите станале европски монарси?
...царот Фока дошол на власт во Византија во 602. година со помош на „партијата“ на Зелените?
...Црна Гора имала само еден крал и тоа бил Никола I Петровиќ ?
...последните мајански градови кои биле освоени од Шпанците биле Тајасал и Закпетен?
...на островот Јап во Федералните Држави на Микронезија месното население користи камени пари од кои најголемите се 4 метри во пречник, а најмалите до 0,3 метри во пречник?
...на државата Тувалу ѝ се заканува опасност од потполно исчезнување од географската карта поради покачување на нивото на морето?
...лондонската Independent Group е предвесник на уметничкиот правец поп арт?
...Нова Македонија, Вечер и Битолски весник се најстарите дневни весници во Македонија?
...Руанда е првата држава во историјата која избрала државно законодавство, а при тоа мнозинството биле жени?
...според кладистичката систематика, четириножните ‘рбетници припаѓаат на класата резноперкови риби?
...познатото украсно црно дрво абонос, е толку густо што тоне во вода?
...SketchUp е бесплатен програм од Google наменет за лесно и брзо 3Д моделирање на предмети, куќи, градежни објекти, направи и слично?
...дека шугејзингот е правец на алтернативниот рок, кој во раните 90-ти бил потиснат од далеку попопуларниот гранџ?
...дека единствениот познат организам кој се смета за биолошки бесмртен е медузата Turritopsis nutricula?
...дека статуетката Оскар стои на филмско тркало на кое се вгравирани пет средни кругови, секој од нив означува една од оригиналните гранки на академијата: глумци, режисери, сценаристи, продуценти и техничари?
...дека голем број уметници од САД, меѓу кои Џими Хендрикс, Кевин Костнер, Меган Фокс, Елвис Присли и Тина Тарнер имале предци кои припаѓале на народот Чероки?
...дека паркурот е активност чијашто цел е движење од една точка до друга колку што е можно поефикасно и побрзо, користејќи ги воглавно способностите на човечкото тело?
...дека американскиот астроном и астрохемичар Карл Саган е автор на романот „Контакт“ врз основа на кој во 1997 година е направен филм под истиот наслов со Џоди Фостер во главната улога?
...дека во Бутан, единствената земја во светот во која е забранета продажбата на тутун, луѓето на фасадите од куќите цртаат пениси, верувајќи дека ќе ги заштитат од лоши духови ?
...дека водното растение Wolffia arrhiza од фамилијата Козлеци е најмалото цветно растение на светот?
...дека во XIX век, Богородичната црква во Париз била толку запуштена, што урбанистите размислувале за нејзино уривање, па Виктор Иго го напишал романот „Sвонарот на Богородичната црква“ делумно и за да ја подигне јавната свест за неа?
...дека во парапсихологијата, телепатијата се смета за форма на вонсетилно восприемање (ESP) и често се поврзува со прекогницијата и јасновидоста?
...дека според теоријата на Рационални очекувања, во макроекономијата може да се постигне целосна вработеност доколку цените и платите би биле целосно флексибилни?
...дека главниот град на Малезија, Куала Лумпур, е eдновремено и една од трите федерални територии во државата?
...дека Марсиканската мечка, која е подвид на кафеавата мечка, живее единствено во централниот регион на Италија, и останати се само уште 30-тина живи примероци?
...дека Монголија била населена уште пред 800.000 години?
...дека на Ман, островска територија во Ирското Море, локалната управа се заснова на древните црковни парохии?
...дека НХЛ, професионалната лига во хокеј на мраз е формирана во Монтреал, Канада, во 1917 година од 4 канадски клубови?
...дека од најпопуларната руска крими-серија на сите времиња, насловена како „Бригада“ (2002) досега има снимено само 15 епизоди?
...дека и покрај успехот во Бурските војни, после кои е формирана Јужноафриканската Унија, Британија ги загубила своите поранешни меѓународни позиции?
...дека на Велигденскиот Остров, еден од островите на Полинезија, има вкупно 887 монолитни камени кипови кои ги нарекуваат „Главите на Велигденскиот Остров“?
...дека Кинеската астрологија се заснова на 12-годишниот циклус на Планетата - Дрво (Јупитер), а секоја од 12-те години е во знакот на некое животно?
...дека Шерлок Холмс и неговиот пријател Др. Џон Вотсон, замислените ликови од делата на Сер Артур Конан Дојл, живееле заедно на адресата 221Б Бејкер Стрит?
...дека Грција има 13 периферии и 52 префектури?
...дека тромавите мечки (на сликата) во некои предели на Индија и Бурма се сметаат за поопасни животни и од тигарот поради нивниот непредвидлив темперамент?
...дека Карлос Кастанеда, американскиот антрополог и писател, има перуанско потекло и дека е контроверзен бидејќи неговите теми се поврзани со шаманизмот?
...дека Џорџ Вашингтон бил првиот Голем мајстор на Големата масонска ложа на САД, која подоцна згаснала?
...дека овогодишните претседателски избори во САД, на кои победи демократот Барак Обама, се одржаа едновремено со избори за 33 места во Сенатот на САД, избори за Конгресот на САД, како и избори за гувернери во 11 сојузни држави на САД?
...дека националното мото на Индија сатјамева џајате се наоѓа и на грбот на Индија, и е слично со националното мото на Чешка - pravda vítězí?
...дека во 1889. познатиот пица-мајстор од Неапол Рафаеле Еспозито, специјално за италијанската кралица Маргарита од Савоја приготвил пица во боите на италијанското знаме: зелена (од босилекот), бела (од моцарелата) и црвена (од доматот) и ја нарекол токму „пица маргарита“.
...дека познатиот окултист Алистер Кроули се појавува на омотот на осмиот албум на Битлсите, Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band?
...дека кај ладнокрвните животни кои немаат Y хромозом, особено кај влекачите, полот на младите зависи од температурата на која се одвивала инкубацијата?
...дека најчесто машко име во Република Македонија е Александар, а најчесто женско име е Марија. Можете да го побарате и вашето има на список на најчести имиња.
...дека најновиот микрообработувач кој го најави Интел за крајот од оваа година (наречен Туквила) ќе содржи две милијарди транзистори, и 30 мегабајти кеш меморија?
... дека термоацидофилните археи живеат во екстремни средини, како на пример вулкански топли извори?
...дека според податоците од 2006-та се проценува дека има над 27.000 јадрени оружја во сопственост на најмалку осум земји, од кои 96% отпаѓаат на САД и Русија?
...дека Усеин Болт, победникот и новиот светски рекордер на 100 и 200м од Летните олимписки игри - 2008 во Пекинг е првиот атлетичар којшто победил на 100 и на 200м по Карл Луис во 1984?
...дека режисерот Педро Алмодовар работел десет години на приказната за филмот Лошо образование, а речиси сите улоги се машки?
...дека во 2007 година, аеродромот Шарл де Гол во Париз бил на прво место по сообраќај во Европа со 552,721 полетувања и спуштања, а втор по бројот на патници со 59,919,383 патници, по Лондон Хитроу со 68,068,554, и пред Франкфурт со 54,161,856?
... дека српскиот јазик има два рамноправни изговора и две рамноправни писма?
... дека Елизабет Тејлор има виолетови очи, двократна лента од трепки, осум брака и два оскари?
...дека Битлс е прогласена за најголема група на сите времиња според списанието Rolling Stone?
...дека прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија бил Блаже Конески?
...дека многумина ја сметаат Ојлеровата формула: за совршено математичко равенство?
...дека во теоријата на множествата постојат две бесконечности?
...дека во метричкиот простор е можно да се дефинира какво било растојание меѓу две точки?
...дека вистинското име на старословенскиот јазик е Ѩзъıкъ словѣньскъıи (транслитерирано: językŭ slověnĭskyi) што значи „словенски јазик“?
...дека како за ретко кој јазик, за старословенскиот биле создадени две писма: глаголица и кирилица?
...дека со своите над 10 милиони жители, рускиот главен град Москва претставува најголем град во Европа?
...дека Бети Дејвис е двократна оскаровка и според Американскиот филмски институт втора најголема глумица на сите времиња?
...дека Силвио Берлускони, италијански стопанственик и политичар, е најбогатиот човек во Италија, со имот вреден 12.000.000.000 долари во 2005 година?
...дека aмфиоксусот или ланцетникот (единствен во поттипот главохордници) е примитивно рибовидно животно кое нема ‘рбетен столб, но поседува многу други одлики на ‘рбетниците?
...дека од сите членки на ОН само Северна Кореја, Куба, Лихтенштајн, Андора, Монако, Тувалу и Науру не се интегрирани во Меѓународниот Монетарен Фонд?
... дека тројца од членовите на групата Монти Питон се избрани меѓу педесетте најголеми комичари на сите времиња?
... дека припадникот на типот Cnidaria - Туритопсис нутрикула е единствен пример на бесмртно суштество?
... дека постојат четири села и еден град со име Габрово и тоа во две различни држави?
... раститителните клетки, за разлика од животинските, покрај универзалните органели содржат и клеточен ѕид, кој го содржи јаглехидратот целулоза и често имаат пластиди во нивната цитоплазма?
... дека Клетвата на Ундина е медицински поим кој се однесува на една многу ретка состојба во која се губи неволевата контрола на дишењето, што резултира со потреба секој здив свесно да биде вдишуван и инициран?
... дека Патек Филип им бил омилена марка часовници на Јосип Броз Тито и Алберт Ајнштајн?
... дека англискиот ренесансен драматург и поет Бен Џонсон бил близок пријател со Вилијам Шекспир?
... дека Тетауматафакатангихангакоауаотаматеаурехаеатурипу
капихимаунгахоронукупокаифенуаакитанараху е име на рид во Нов Зеланд и е најдолгиот географски поим во светот?
... дека лондонскиот ресторан Симпсонс на Стренд бил лулката на професионалниот шах во XIX век?
... дека Габриел Гарсија Маркес е личен пријател со Фидел Кастро?
... дека автор на Крушевскиот манифест е Никола Киров Мајски?
... дека кафето, по нафтата е втора стока во светската трговија?
... дека Артур Шницлер водел дневник целиот живот и тој содржи 8000 страници?
... дека ЕФТА била замислена како алтернатива на Европската Унија?
... дека Кофи Анан е првиот Генерален Секретар на Обединетите Нации избран од редовите на вработените на организацијата?
... дека Фес е трет најголем град во Мароко?
... дека каури е најголемото дрво во Нов Зеланд?
... дека Васил Главинов е основоположник на социјализмот во Македонија?
... дека Carpe diem на латински всушност значи „зграпчи го денот“?
... дека старото име на Софија било Сердика, по тракиското племе кое го населувало? ... дека Евлија Челебија е еден од најпознатите отомански патеписци?
... дека Никола Кињо е изумителот на првото возило на сопствен погон - автомобилот?
... дека музејот на Старата скопска чаршија се наоѓа во Сули ан?
... дека парична единица во Андора е еврото?
... дека најстар академик на МАНУ е Петар Хр. Илиевски роден (1920), а најмлад Катица Ќулавкова роденa (1951)?
... дека постојат речиси 50 церемонијални англиски грофовии?
... дека кириличните бројки биле систем на нумерација врз основа на старословенската кирилица?
... дека по новата дефиниција Плутон престанува да се смета за планета и сега Сончевиот Систем има само 8 планети?
... дека „Брабус“ е фирма која се занимава со послепродажно штимање на возила од марките Мерцедес-Бенц и Мајбах?
... дека македонскиот социолог Славко Милосавлевски, бил дисидент во времето на социјализмот?
... дека шаховските фигури, освен кралот и кралицата, ги симболизираат четирите рода на војската: пешадија, коњица, слонови и бојни коли?
... дека средновековното име на Дојран било Полин?
... дека лишаите ретко се среќаваат во околината на индустриските објекти и големите градови?
... дека античкиот театар во Скупи бил најголем на територијата на Македонија?
... дека Јонатан е вид на јаболко, кое потекнува од САД?
... дека Алфа-мажјаците добиваат 70% од целиот секс во својата комуна?
... дека музејот Лувр во 2005 примил 7.3 милиони посетители?
... дека цикасовите растенија можат да растат дури и на карпеста подлога?
... дека во некои места на Источна Србија, бугарскиот јазик се користи паралелно со српскиот јазик?
... дека најголемата слика на платно во светот се наоѓа во Дуждовата палата?
... дека Блумфонтејн е еден од трите главни градови на Јужноафриканската Република?
... дека данскиот режисер Ларс фон Триер е еден од основачите на нова радикална школа во филмографијата наречена "Догма 95"?
... дека првата маскота на Светските Првенства во Фудбал е World Cup Willie од 1966-та година?
... дека Димитар Андонов Папрадишки (1859-1954) е последниот македонски зограф, а воедно и првиот македонски профан (нерелигиозен) сликар кој ги поставил темелите на западното сликарство во земјата?
...дека во Рим само најбогатите 4% од жителите живееле во куќи, додека останатите живееле во станбени згради наречени инсули?
...дека во 19-тиот век, бројот на луѓе кои пушеле пури бил неспоредливо поголем од бројот на оние што пушеле цигари?
...дека Тесерактот е хиперкоцка која се простира во четири просторни димензии?
...дека ренесансниот композитор Џон Дауленд е најпознатиот композитор за лејта на сите времиња?
...дека мислењето дека Јан ван Ејк го измислил масленото сликарство е заблуда кон која највеќе придонел италијанскиот академец Џорџо Вазари?
...дека во светот постојат јазици со повеќе од 20 падежи?
...дека Френк Херберт, писателот на мегапопуларниот роман „Дина“ изјавил дека никогаш немал писателска блокада?
...дека Туркменистанскиот диктатор Сапармурат Нијазов забранил спикерите да се шминкаат бидејќи самиот имал потешкотии да разликува маж од жена?
...дека композиторот Јохан Себастијан Бах имал 20 деца со две жени (7 со првата и 13 со втората)?
...дека првите електрични гитари биле хавајски гитари со вградени магнети?
...дека Римското Царство ги делела слободните луѓе на патриции и плебејци?
...дека Доменико Скарлати е италијански композитор од барокниот период? ...дека трошокот за одржување на Версај заедно со издршката на кралскиот двор изнесувал околу 6% од буџетот на Франција? ...дека aко Европската Унија би била една држава, би била седмата најголема држава во светот по површина и трета најголема по население, по Кина и Индија? ...дека работниот наслов на Евтини приказни е “Black Mask” (Црна Маска)?
...дека жаркарите се сметаат за последни живи претставници од онаа група на животни, од која треба да се бараат предците на сите други вистински ткивни животни? ...дека Клеопатра VII Филопатор била последниот член на македонската Птоломејска династија?
...дека државата во Античка Македонија не се финансирала од народот, туку од сопствени извори?
... дека постојат разни територијални претензии кон Северниот Пол?
Ова е архива на објавени факти во рубриката „Дали сте знаеле“ во минатото. Дополнете ја со тоа што ќе ја додадете последната занимливост отстранета од предлошката на главната страница.
2024
[уреди извор]- ... дека името „Шпанија“ потекнува од феникиското Спанија, што значи „земја на зајаците“?
- ... дека првата електрична пегла е измислена во 1882 година?
- ... дека Малајскиот Архипелаг е најголемата островска група на светот?
- ... дека Српско-бугарската војна траела само две седмици?
- ... дека онкологот Анастас Коцарев, кој соработувал со Марија Кири, е единствениот Македонец кој со своето дело бил многу блиску до добивање на Нобеловата награда?
- ... дека Бенедикт IX станал папа додека сè уште бил тинејџер?
- ... дека највисоката планина во Холандија не е во Европа?
- ... дека машкото пеење „гласоечко“ од Долни Полог е прогласено за нематеријално културно наследство на УНЕСКО?
- ... дека огромен дел од Унгарија некогаш бил под вода?
- ... дека првата фотографија во историјата е направена во 1826 г. од прозорецот на нејзиниот пронаоѓач Жозеф Нисефор Ниепс во Ле Гра?
- ... дека Хум е најмалиот град во светот и има само 30 жители.
- ... дека цариградскиот патријарх Кирил I Лукарис (1572-1638) се обидел да го реформира православието во духот на протестантскиот калвинизам?
2023
[уреди извор]- ... дека јачината на ветровите се мери со Бофоровата скала?
- ... дека Шведска ја сменила страната на возење од лево на десно на 3 септември 1967 г.?
- ... дека Џу Си се смета за најважниот конфуцијански филозоф по самиот Конфуциј?
- ... дека Уран е првата планета откриена со телескоп?
- ... дека јаболкото потекнува од Казахстан и пристигнало на нашите простори пред околу 3500 години?
- ... дека оргулите прв ги измислил Ктесибиј Александриски во III век п.н.е.?
- ... дека вистинското име на Марк Твејн било Семјуел Клеменс?
- ... дека ирскиот композитор Џон Филд е творец на ноктурното, подоцна популаризирано од Шопен?
- ... дека на најнепристапната точка на Антарктикот стои биста на Ленин?
- ... дека знамето на Шкотска како симбол го носи Андреиниот крст, на кој се смета дека е распнат Апостол Андреја — заштитник на Шкотска?
- ... дека Општина Василево се смета за македонската престолнина на празот?
- ... дека нашата галаксија има 100 - 400 милијарди ѕвезди и барем уште толку планети?
- ... дека елкарите се црви чии „гранчиња“ се пипки за собирање на планктон?
- ... дека градот Белград во Албанија е основан во IV век п.н.е. од македонскиот цар Касандар под името Антипатреја во чест на татко му Антипатар?
- ... дека библискиот цар Соломон имал 700 жени и уште 300 конкубини?
- ... дека скопската населба Кисела Вода е наречена по чудотворниот извор кој се наоѓал на местото на денешната црквичка „Св. Никита“?
- ... дека главата на Климент Охридски се чува во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Бер, Егејска Македонија?
- ... дека Кина на кинески се нарекува Џунг-гуо (中國) со значење „средишна земја“?
- ... дека пустината Деште Лут во Иран е најврелото место на Земјата, на чија површина се измерени дури 70,7 °C?
- ...дека воздухот содржи 78 % азот, а само 21 % кислород?
- ...дека името на денешната скопска населба Црниче потекнува од средновековната тврдина Чрнче на Водно?
- ... дека Јована Лудата имала 6 деца, и сите станале европски монарси?
- ... дека селото Б’с, Кривопаланечко е населено место со најкраткото име во Македонија?
- ... дека ботулинскиот токсин е најсмртоносната супстанција на светот, и може да предизвика смрт во рок од неколку минути?
- ... дека Пелгониската битка (1259) одиграна кај леринските села Неокази и Овчарани му го ставила крајот на крстоносното Латинско Царство на Балканот?
- ... дека Синајскиот Полуостров е копнен мост помеѓу Африка и Азија?
- ... дека елементот кадмиум (Cd) е наречен по феникискиот јунак Кадмо, основач на Теба и Лихнид (денешен Охрид)?
- ... дека Свети Стефан е првиот христијански маченик?
- ... дека дрвото гинко останало непроменето цели 200 милиони години?
- ... дека во геометријата постои едноаголник?
- ... дека Дупјачката таблица пронајдена кај костурското село Дупјак сведочи за писменоста во Македонија пред повеќе од 7000 години?
- ... дека на светот постојат дури 4.000 сорти на компир?
- ... дека тесерактот е хиперкоцка која се простира во четири просторни димензии?
- ... дека соѕвездието Јужен Крст има само четири ѕвезди?
2022
[уреди извор]- ...дека Балканскиот Полуостров е наречен по Стара Планина, чие турско име е „Балкан“?
- ...дека Битола е основана од кралот Филип II Македонски?
- ...дека Пафнутиј Чебишов (1821 – 1894) се смета за татко на руската математика?
- ...дека зборот савана е од таинско потекло и првично се однесувал на рамничарски подрачја во Панама каде денес нема таков биом?
- ...дека буковите шуми во долината на Длабока Река во Мавровско се прогласени за светско наследство на УНЕСКО?
- ...дека пред да се самоубие, англискиот неокласицистички сликар Џон Вилијам Годвард напишал „на светов нема доволно место за мене и Пикасо“?
- ...дека големиот древномакедонски војсководец Кратер е роден кај Рупишта, Костурско?
- ...дека планетата Венера македонскиот народ ја нарекувал „Обденица“
- ...дека бамбусот е најбрзорастечко растение на светот, и може да расте по еден метар дневно?
- ...дека францускиот астроном Никола Луј де Лакај открил дури 14 соѕвездија?
- ...дека Хенри VI станал крал на возраст од само 9 месеци?
- ...дека ѕвезденото јато Плејади македонскиот народ го нарекувал „Квачка“?
- ...дека Гренланд е најголемиот остров на светот?
- ... дека најисточната точка во Европа е ’ртот Флисингски во архипелагот Нова Земја, Русија?
- ...дека молњата при удар достигнува темепратура од 30.000 келвини, петпати поголема од онаа на површината на Сонцето?
- ...дека островот Градиште во Тиквешкото Езеро е прогласен за културно наследство на Македонија поради остатоците од утврдената античка населба Град Тиквеш која се наоѓала на тоа возвишение?
- ...дека песната „Благуњо дејче, пожаранче“ ја опева неостварената љубов на Аце Абаџијата кон познатата убавица Благуња Ѓолова (1889 - 1956), родум од гостиварско Пожаране?
- ...дека Јужен Судан е најмладата држава во светот?
- ...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?
- ...дека историскиот Насредин Оџа (1208 ― 1285) бил суфија кој живеел во Акшехир, Средна Анадолија?
- ...дека во Македонија традиционално се користеле кирилични бројки наместо подоцна воведените арапски?
- ...дека врвот Тумба на Беласица е тромеѓа помеѓу Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија?
- ... дека Бараково е единственото село во Пиринска Македонија вон денешната Благоевградска област?
- ... дека хемискиот елемент индиум (In) не е наречен по Индија, туку по бојата индиго која ја оддава при спектроскопско набљудување?
- ... дека морепловната мерка за брзина јазол доаѓа од броењето јазли на јаже кое се фрлало во водата?
- ... дека средновековното име на Дојран е Полин?
- ... дека островите Голем и Мал Диомид во Беринговиот Проток имаат временска разлика од 21 час и се во различен календарски ден, иако се на растојание од само 3,8 км?
- ... дека поскокот е најотровна змија во Македонија и цела Европа?
- ... дека Моштенците се подгрупа на македонскиот народ која живее во јужниот дел на Р. Македонија и поголем број села во Егејска Македонија?
- ... дека една кафена лажичка црпната од неутронска ѕвезда би тежела 4 милијарди тони?
- ... дека Општина Костур има дури 43 поранешни, денес непостоечки села?
- ... дека Нов Зеланд е последната земја населена од човекот?
- ... дека древномакедонскиот Дервентски папирус најден кај селата Ајватово и Лагиново, Солунско, е најстариот зачуван ракопис во Европа и датира од времето на Филип II Македонски?
- ... дека преспанското село Нивици има дури три пештерни цркви?
- ... дека знамето на Непал е единственото неправоаголно знаме во светот?
- ... дека во муслиманските верници палеле свеќи во Турбето на Синан Челеби (1493) на охридски Плаошник во знак на почит кон Св. Климент Охридски бидејќи турбето било изградено на местото на неговата стара црква?
- ... дека според едно предание, Чинарот во Охрид е засаден од сесловенскиот просветител Климент Охридски?
2021
[уреди извор]- ... дека композиторот Јохан Себастијан Бах имал дури 20 деца со две жени (7 со првата и 13 со втората)?
- ... дека папагалот мал александар (Psittacula krameri) го носи името на кралот Александар Македонски, за кој се смета дека ги довел птиците од овој род во Средоземјето од Индија како подароци за аристократијата и дипломатите?
- ... дека Смолика во Гребенско е втора највисока планина во Егејска Македонија (и цела денешна Грција), веднаш по Олимп?
- ... дека патристиката е наука за црковните отци и нивното дејствување во обединувањето на античката филозофија со христијанското учење?
- ... дека Елбрус (5.642 м) на Кавказ е највисоката планина во Европа?
- ... дека селото Центар Жупа изворно се нарекувало Вапа — поим во директно сродство со санскритскиот збор vāpī, што значи „долго блато“?
- ... дека со само 30 жители (2011), Хум на Истра е најмалиот град во светот?
- ... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?
- ... дека островот Удово кај истоименото село на реката Вардар е најголемиот речен остров во Македонија и втор остров по површина во земјата?
- ... дека бојата тегет е наречена по видниот австриски адмирал Вилхелм фон Тегетоф?
- ... дека птиците се диносауруси?
- ... дека факсот е измислен 11 години пред телефонот?
- ... дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
- ... дека охридското село Велмеј има дури 26 археолошки наоѓалишта?
- ... дека Блаженствата се девет препораки на Христос („Блажени се...“) изречени во неговата Беседа на гората?
- ... дека според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот Персеј, роднина на Александар Македонски?
- ... дека кај тиквешкото село Росоман се наоѓало едно од двете речни пристаништа во Вардарска Македонија, од кое се испорачувале земјоделски производи во Солун сè до 1912 година?
- ... дека вистинското име на Фреди Меркјури е Фарух Булсара?
- ... дека 98 % од познатите потенцијално опасни тела не се закана по Земјата во следните 100 години?
- ... дека Хипарх се смета за основач на тригонометријата?
- ... дека Св. Антипа Пергамски се смета за заштитник на забарите и оние со забоболка?
- ... дека најголемиот дел од Антарктикот се смета за пустина?
- ... дека индиското име на Индија е Барат (भारत)?
- ... дека годинава Википедија прослави 20 години постоење?
- ... дека првиот театар во Скопје („Ада Кафе“) е отворен во 1906 година?
- ... дека градот Пешкопеја во денешна Албанија во средновековието се нарекувал Пресоленград?
- ... дека Наум Миладинов (1817-1897), братот на Димитар и Константин Миладинови, бил првиот запишувач на македонските народни песни во музичка нотација?
2020
[уреди извор]- ...дека мариовското село Витолиште има барем 22 археолошки наоѓалишта?
- ... дека колибрито е единствената птица способна да лета наназад?
- ... дека Кралското друштво од Лондон е најстарата академија на науките во светот, основана во 1660 година?
- ... дека скопската населба Радишани е населена уште од римско време?
- ... дека Луј XIX кралувал со Франција само 20 минути, пред самиот да абдицира?
- ... дека според едно предание, основач на Лихнид (денешен Охрид) е легендарниот јунак Кадмо, прогонет Феничанец кој бил првиот смртник на чија свадба биле присутни олимписките божества?
- ... дека во археолошкото наоѓалиште Старо Бонче (Прилепско) се смета дека се наоѓаат остатоците од кралскиот дворец на Пелагонија, во чија близина е погребан кралот на Пелагонците?
- ...дека калциумот е најзастапениот метал во човечкото тело?
- ...дека Моштенците се подгрупа на македонскиот народ која живее во јужниот дел на Р Македонија и поголем број села во Егејска Македонија?
- ...дека ѕвездата VY Големо Куче е дури три милијарди пати поголема од нашето Сонце?
- ...дека единствениот познат организам кој се смета за биолошки бесмртен е медузата Turritopsis nutricula?
- ... дека поимот кварц е германска варијанта на полското kwardy, што значи „тврд“, и го има истиот корен како македонскиот збор?
- ... дека тврдината Маркови Кули (Чрнче) на планината Водно датира од VI век?
- ... дека ентомологијата е гранка на зоологијата која се занимава со изучување на инсектите?
- ... дека Плимут на островот Монтсерат е единствениот главен град на светот без жители?
- ... дека според една теорија, кратовското село Шлегово е наречено по германските рудари доселени од областа Шлеска?
- ... дека Прусија како политички ентитет престанала да постои дури во 1947 година?
- ... дека гавранот е песнопојна птица, иако неговото гракање е непријатно за човечките уши?
- ... дека Лахта-центарот во Санкт Петербург е највисока градба во Европа со 462 м?
- ... дека и покрај класичниот османлиски изглед, џамијата „Чамлиџа“ во Истанбул е изградена во 2019 година?
- ... дека руско-германската вселенска опсерваторија „Спектар-РГ“ се очекува да даде слика за 100.000 јата од галаксии?
- ... дека островот Калата во езерото Калиманци е дел од антички утврден град?
- ... дека половината сојузни држави на САД носат имиња добиени од домородните американски јазици?
- ... дека дабот му припаѓа на семејството на буките (Fagaceae)?
- ... дека островот Свети Мартин во Карипското Море е поделен на меѓу Франција и Холандија?
- ... дека средновековниот утврден град Женско во Кукушко бил така наречен бидејќи имал толку силни кули и бедеми, што можеле да го бранат жени?
- ... дека Горчливото Езеро во Кукушко, Егејска Македонија е трипати посолено од Мртвото Море?
- ... дека Александар Македонски се образувал три години кај филозофот Аристотел во неговото училиште „Миески нимфеј“ кај селото Копаново во Негушко, Егејска Македонија.
- ... дека унгарскиот јазик има дури 18 падежи?
- ... дека општината Барле-Хертох ја има најсложената државна граница во светот, со бројни енклави и ексклави на Белгија и Холандија една во друга?
- ... дека Маличкото Езеро, помеѓу Охридското Езеро на север и градот Горица (Корча) на југ, е исцедено во 1940-тите во борба против маларијата?
- ... дека најголемото езеро во Британија, Лох Неј, е во сопственост на Ерлот од Шафтсбери?
- ... дека геолошкиот период јура е наречен по планинскиот венец Јура меѓу Франција и Швајцаревија, како нејзино типско подрачје?
- ... дека Хипарх (II век п.н.е.) се смета за основоположник на тригонометријата?
- ... дека селото Долни Дисан во Неготинско има исклучително палеонтолошко наоѓалиште, каде се откопани коски од камили, жирафи, лавови, хиени, мастодонти и хипариони стари 10 милиони години?
- ...дека историско-географската област Мрвачко во Егејска и Пиринска Македонија го носи името на македонската етнографска група Мрваци, така наречени поради трошките и правот врз нивната облека бидејќи се занимавале со рударство?
- ...дека Општина Прилеп е најголемата општина во Македонија по површина?
- ... дека едноотворните (клунарите и клунестите ежови) се единствените цицачи што несат јајца?
- ...дека во Африка има дури 535 јазици од групата банту?
- ...дека руската песна „Калинка“ не е изворна народна песна, туку композиција на Иван Ларионов од 1860 г.?
- ... дека според едно старо предание, во реката Брегалница, на подножјето на Плачковица живеел воден змеј, кој имал задача од пајонските кралеви да го брани Светиот Град од непријателите?
- ... дека Јелоустоун е првиот национален парк во светот, отворен во 1872 година?
- ... дека според една претпоставка, мегленското село Преб’диште е наречено по Пребонд, кнезот на македонските Словени?
- ... дека морската милја е единица за должина која изнесува околу една лачна минута географска должина долж некој меридијан?
- ... дека преспанското село Стење има 5 цркви и 6 археолошки наоѓалишта?
- ...дека целиот југ на Бангладеш се состои од огромното устие на реката Ганг?
- ... дека градот Скопје почнал да користи електрична енергија во 1909 година?
- ... дека патната мрежа на Македонија има вкупна должина од дури 14.182 километри?
- ... дека францускиот двокрилец од марката „Потез 29“ (Potez 29) станал првиот комерцијален патнички авион во Македонија, кој почнал да го опслужува Скопскиот аеродром во 1928 г. со превозникот „Аеропут“?
- ...дека галаксијата GN-z11 е најдалечниот и најстариот пронајден астрономски објект во вселената, на растојание од 32 милијарди светлосни години од Земјата?
- ...дека црната чума дошла во Европа преку џеновските трговци од Кафа (денешна Феодосија) во Крим, кога монголската војска ги катапултирала заразените тела на мртвите војници при опсадата на градот?
- ... дека земјата Црна Гора е наречена по планината Ловќен која во минатото била прекриена со густи темни шуми?
- ...дека некогашните Ниски Земји прераснале во денешните држави Белгија, Луксембург и Холандија, како и областа Француска Фландрија?
- ...дека првиот христијанин во Европа, Лидија Македонката, е покрстена во Филипи кај денешното с. Рахче во Кавалско, Егејска Македонија?
- ...дека селото Центар Жупа изворно се нарекувало Вапа — поим во непосредно сродство со санскритскиот збор vāpī, што значи „долго блато“?
2019
[уреди извор]- ... дека во Ресенско постојат барем 125 познати археолошки наоѓалишта?
- ... дека UY Штит, најголемата ѕвезда позната на астрономијата, е 3,7 милијарди пати поголема од нашето Сонце?
- ... дека вештачкото Владовско Езеро недалеку од градот Воден, Егејска Македонија, е дом на преку 250 видови птици?
- ... дека македонскиот народ во минатото галаксијата Андромеда ја нарекувал Гумно поради големата сличност на обликот?
- ... дека градот Белград во Албанија е основан во IV век п.н.е. од македонскиот цар Касандар под името Антипатреја во чест на татко му Антипатар?
- ... дека Аралското Езеро е сведено на поголема бара поради прекумерното користење на водата од реката Аму Дарја за наводнување на памучните полиња?
- ... дека древномакедонскиот Дервентски папирус најден кај селата Ајватово и Лагиново, Солунско, е најстариот зачуван ракопис во Европа и датира од времето на Филип II Македонски?
- ... дека стоболката (Spermophilus citellus) е така наречена поради народното верување дека лечи од сто болести?
- ... дека Јеловјане и Урвич во Горни Полог (Тетовско) се горански села, иако не се во областа Гора?
- ... дека римскиот пат Вија Егнација е наречен по нејзиниот градител — Гнеј Егнациј, проконзул на Македонија?
- ... дека историско-географската област Чеч се протега во Пиринска и Егејска Македонија, но дел од нејзиното население живее во Одринско, европска Турција?
- ... дека првото сметачко глувче е направено во 1964 г. како изум на американскиот инженер Даглас Енгелбарт?
- ... дека Русумскиот мост на реката Кагера го прешле дури 250 000 лица во рок од 24 часа, бегајќи во Танзанија од геноцидот во Руанда?
- ... дека целата Британска Индоокеанска Територија (аргипелагот Чагос) воопшто нема постојано население?
- ... дека стапчињата за јадење влегле во широка употреба дури за време на династијата Минг (XIV-XVII век), иако постоеле со илјадалетија?
- ... дека Општина Долнени има дури 184 познати археолошки наоѓалишта?
- ... дека споменикот „Валхала“ кај Регенсбург е здание во облик на антички храм кое ги чествува великаните од историјата на германските народи?
- ... дека во Македонија традиционално се користеле кирилични бројки наместо подоцна воведените арапски?
- ... дека Бања Банско е изградена од римскиот цар Каракала во III век?
- ... дека музејот Уфици во Фиренца еден од најстарите и најпосетуваните во светот?
- ... дека Малдивите имаат просечна надморска висина од само 80 см?
- ... дека на Кавказот има дури три непризнаени држави — Абхазија, Јужна Осетија и Нагорно-Карабах (Арцах)?
- ... дека рускиот космонаут Алексеј Леонов е првиот човек во историјата кој излегол во отворена вселена?
- ... дека вредностите на водородниот показател (pH) за киселост или базност се логаритамски?
- ... дека мексиканскиот цар Максимилијан I бил помлад брат на австрискиот цар Франц Јосиф I?
- ... дека првите градови настанале во Сумерија во IV милениум п.н.е.?
- ... дека Средноатлантскиот Гребен е дел од подводен верижен систем кој се протега 40.000 км низ целиот свет?
- ... дека англискиот збор Thursday (четврток) доаѓа од старонордискиот Þorsdagr, што значи „Ден на богот Тор“.
- ... дека сè до 2015 г. во Западните Фјордови на Исланд важел закон дека секој Баскиец виден на таа територија треба да се убие на лице место?
- ... дека меѓународниот стандарден книжен број (ISBN) е воведен во 1970 година?
- ... дека селото Старо Коњарево, Струмичко се наоѓа на тромеѓата помеѓу Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија?
- ... дека зборот „вулкан“ доаѓа од островот Вулкано во Тиренското Море северно од Сицилија?
- ... дека првата банкнота во Европа е издадена во 1661 година?
- ... дека елкарите се црви чии „гранчиња“ се пипки за собирање на планктон?
- ... дека домашната овца потекнува од ерменскиот муфлон?
- ... дека Општина Василево се смета за македонската престолнина на празот?
- ... дека сојузната држава Род Ајленд во САД всушност е континентална, а не островска?
- ... дека во Полска има дури 8 населени места со име Струга?
2018
[уреди извор]- ... дека алеф-нула () е најмалиот бесконечен кардинален број?
- ... дека, според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот Персеј, роднина на Александар Македонски?
- ... дека најисточната точка во Европа е ’ртот Флисингски во архипелагот Нова Земја, Русија?
- ... дека древномакедонскиот Дервентски папирус најден кај селата Ајватово и Лагиново, Солунско, е најстариот зачуван ракопис во Европа и датира од времето на Филип II Македонски?
- ... дека во Папуа Нова Гвинеја се говорат дури 850 различни јазици?
- ... дека елементот цинк (Zn) е наречен по германскиот поим Zinke, што значи „забец“?
- ... дека според кинеската астрологија, 2018 е Година на кучето?
- ... дека последниот говорник на далматинскиот јазик починал во 1898 г.?
- ... дека Бараково е единственото село во Пиринска Македонија вон денешната Благоевградска област?
- ... дека Видринец е најмалиот од четирите преспански острови?
- ... дека Анастас Коцарев кој соработувал со Марија Кири, најверојатно, покрај Мајка Тереза, е единствениот Македонец што со своето дело бил многу блиску до добивање на Нобеловата награда?
- ... дека златната рипка е вид караш?
- ... дека откако ќе достигнат зрелост, женките кај некои еднодневки живеат само пет минути?
- ... дека островот Калата во езерото Калиманци е дел од антички утврден град?
- ... дека со должина од 5-6 см, пчелестото колибри од Куба е најмалата птица на светот?
- ... дека лилјаците, хранејќи се со штетници, му заштедуваат 3 милијарди долари годишно на американското земјоделско стопанство?
- ... дека Кристофер Колумбо никогаш не стапнал на самиот северноамерикански континент?
- ...дека островите Голем и Мал Диомид во Беринговиот Проток имаат временска разлика од 21 час и се во различен календарски ден, иако се на растојание од само 3,8 км?
- ...дека калциумот е најзастапениот метал во човечкото тело?
- ...дека Западносибирската Низина е најголемата рамница на светот?
- ...дека кикиритките потекнуваат од Јужна Америка?
- ...дека со преку 700 цркви, градот Нешвил во Тенеси, САД го нарекуваат „Протестантскиот Ватикан“ и „Токата на Библискиот појас“?
- ...дека целиот југ на Бангладеш се состои од огромното устие на реката Ганг?
- ... дека според една теорија, селото Шлегово е наречено по германските рудари доселени од областа Шлеска?
- ... дека Бања Банско е изградена од римскиот цар Каракала во III век?
- ... дека првите професионални противпожарни служби во Македонија се појавиле во 1836 година?
- ... дека на почетокот од нашата ера, градот Рим имал милион жители?
- ... дека планината Аконкагва крај аргентинско-чилеанската граница е највисоката планина надвор од Азија?
- ... дека Југословенската академија на науките и уметностите (ЈАЗУ) во Загреб е основана во 1861 г. како матична културно-научна установа на сите Јужни Словени?
- ... дека најдалечната забележана ѕвезда, наречена Икар, се наоѓа на растојание од 9 милијарди светлосни години од Земјата?
- ... дека во Русија живеат преку 186 народи?
- ... дека титулата Свет римски цар потекнува од надлежноста на неговите претходници врз Римокатоличката црква како владетели на Западното Римско Царство пред подемот на папството?
- ... дека селото Б’с, Кривопаланечко е населено место со најкраткото име во Македонија?
2017
[уреди извор]- ...дека чумата дошла во Европа преку џеновските трговци од Кафа (денешна Феодосија) во Крим, кога монголската војска ги катапултирала заразените тела на мртвите војници при опсадата на градот?
- ...дека во САД има дури 31 округ со името Вашингтон?
- ...дека Африка се протега на сите четири полутопки?
- ...дека молњата при удар достигнува темепратура од 30.000 келвини, петпати поголема од онаа на површината на Сонцето?
- ...дека во Дихово, Битолско во 1883 г. е отворена првата текстилна фабрика на Балканот?
- ...дека селото Центар Жупа изворно се нарекувало Вапа — поим во директно сродство со санскритскиот збор vāpī, што значи „долго блато“?
- ...дека Општина Прилеп е најголемата општина во Македонија по површина?
- ...дека во Кина живеат 56 официјално признаени народности?
- ...дека Скопје лежи на ист напоредник со северна Јапонија (Хокаидо)?
- ...дека големиот древномакедонски војсководец Кратер е роден кај Рупишта, Костурско?
- ...дека кон крајот на 1940-тите, Тетово имал воен аеродром, своевремено најмодерен на целиот Балкански Полуостров?
- ...дека молецот Neopalpa donaldtrumpi е наречен по американскиот претседател Доналд Трамп поради сличноста во „фризурите“?
- ...дека врвниот кварк е најмасивната елементарна честичка во природата, тешка колку цел атом на волфрамот?
- ...дека Греамовата Земја на Антарктикот има крајбрежен нунатак (чука) наречен Итар Пејо во чест на македонскиот народен јунак?
- ...дека пробиштипското селото Лесново лежи во јасно сочуван фосилен кратер на вулканска купа, позната како Лесновска Купа?
- ...дека според легендата на мештаните, името на ресенското село Арвати, близу Преспанското Езеро потекнува од народот Хрвати?
- ...дека со должина од 27 м, реката Репруа во Абхазија е веројатно најкратката на светот?
- ...дека преспанското село Стење има 5 цркви и 6 археолошки наоѓалишта?
- ...дека името на денешната скопска населба Црниче потекнува од средновековната тврдина Чрнче на Водно?
- ...дека ентомологија е науката што се занимава со проучување на инсектите?
- ...дека синапсидите се нарекуваат и „працицачи“ бидејќи се сметаат за најрани предци на цицачите?
- ...дека Смолика во Гребенско е втора планина по висина планина во Егејска Македонија (и цела денешна Грција), веднаш по Олимп?
2016
[уреди извор]- ...дека UY Штит, најголемата ѕвезда позната на астрономијата, е 3,7 милијарди пати поголема од нашето Сонце?
- ...дека гренландската ајкула е најдолговечното ’рбетно животно на светот, кое може да живее до 5 века?
- ...дека годинава голфот се враќа како олимписки спорт по цели 112 години?
- ...дека според една од тезите, поимот „вегетаријанство“ потекнува од латинскиот поим vegetus (жив, енергичен), наместо од англискиот vegetable (зеленчук)?
- ...дека градот Пробиштип според статистичките и пописни податоци не постои како посебна статистичка единица?
- ...дека бурманскиот дипломат и Генерален секретар на ООН, У Тант (1909-1974) е почесен граѓанин на Скопје?
- ...дека куполата на Пантеонот во Рим (II век) е направена од бетон — материјал кој е подоцна заборавен, и повторно воведен дури во Индустриската револуција (XVIII-XIX век)?
- ...дека со смртта на царот Лудвиг Побожниот (вл. 814–840), по негова замисла Светото Римско Царство е поделено на три дела од кои потекнуваат денешните земји Германија, Франција и Италија?
- ...дека од годинава, градот Днепропетровск во Украина го носи името Днепар (Дніпро), отстранувајќи го споменот за Петар Велики како руски цар и водејќи се исклучиво по истоимената река?
- ...дека првата подморница ја конструирал холандскиот пронаоѓач Корнелиус Дребел во 1620 г. и ја прикажал на јавноста во реката Темза во Лондон?
- ...дека првиот компактен диск е издаден во 1982 година?
- ...дека црквата „Св. Стефан“ во Конче (изг. 1366 г.) е најстариот зачуван објект во тој крај?
- ...дека окото на нојот му е поголемо од мозокот?
- ...дека Перуќица е една од малкуте преостанати прашуми во Европа?
- ...дека во 2013 г. општината Чешиново-Облешево е прогласена за европска престолнина на штркот?
- ...дека Џу Си се смета за најважниот конфуцијански филозоф по самиот Конфуциј?
- ...дека руската песна „Калинка“ не е изворна народна песна, туку композиција на Иван Ларионов од 1860 г.?
- ...дека древномакедонскиот Дервентски папирус најден кај селата Ајватово и Лагиново, Солунско, е најстариот зачуван ракопис во Европа и датира од времето на Филип II Македонски?
- ...дека првото интегрално коло е осмислено во 1958 г. од Џек Килби?
- ...дека Византијците успеале да ја надвладеат војската на Петар Делјан само поради помошта од Викиншката гарда на Харалд Суровиот — подоцна крал на Норвешка како Харалд III, крунисан со воената слава како „опустошувач и разорувач на Македонија“ и опеан во скандинавска сага?
- ...дека најкрвавиот судир во историјата е Сталинградската битка со речиси 2 милиони изгубени животи?
- ...дека бројот на мечките во Македонија бележи повеќе од тројно зголемување во периодот помеѓу 2010 и 2014 г.?
- ...дека во 1836 г. Кратово имало 56.000 жители?
- ...дека во црквата „Св. Петка во селото Радибуш има издлабен приказ на сонце со сосема ист дизајн како на македонското знаме?
- ...дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
- ...дека во 1900 г. Влае имало само 40 жители?
- ...дека годинава Википедија прославува 15 години постоење?
- ...дека водната регулација на Горен Харц е најсложениот хидросистем во Европа?
- ...дека знамето на Шкотска како симбол го носи Андреиниот крст, на кој се смета дека е распнат Апостол Андреја — заштитник на Шкотска?
- ...дека Општина Долнени има дури 184 познати археолошки наоѓалишта?
- ...дека на 6 декември 2015 г. народот на Ерменија на референдум изгласал земјата да стане парламентарна република, заменувајќи го дотогашниот полупретседателски систем?
- ...дека скопското село Брњарци има дури 4 археолошки наоѓалишта?
- ...дека Сема Ќен (II-I в. п.н.е.) се смета за најголемиот кинески историчар на сите времиња?
- ...дека знамето на Непал е единственото неправоаголно знаме во светот?
2015
[уреди извор]- ... дека највисоката планина во Северна Америка во август 2015 г. го вратила свеоето старо име — Денали, заменувајќи го со претходното „Макинли“?
- ... дека се смета дека археолошкото наоѓалиште Старо Бонче (Прилепско) се наоѓаат остатоците од кралскиот дворец на Пелагонија, во чија близина е погребан кралот на Пелагонците?
- ... дека првиот патнички авион во Македонија бил „Потез 29“ (Potez 29) од француско производство?
- ... дека според едно старо предание, во реката Брегалница, на подножјето на Плачковица живеел воден змеј, кој имал задача од пајонските кралеви да го брани Светиот Град од непријателите?
- ... дека папагалот мал александар (Psittacula krameri) го носи името на кралот Александар III Македонски, за кој се смета дека ги довел птиците од овој род во Средоземјето од Пенџаб како подароци за аристократијата и дипломатите?
- ... дека Зоолошката градина во Скопје е отворена во 1926 г.?
- ... дека Ерменската апостолска црква е првата национална црква во светот?
- ... дека тврдината Маркови Кули (Чрнче) на планината Водно датира од VI век?
- ... дека суперавтомобилот Ламборгини Сесто Елементо е наречен по атомскиот број на јаглеродот во периодниот систем на елементите?
- ... дека хмељот му припаѓа на семејството конопи (Cannabaceae)?
- ... дека пајонското племе Агријани (Граи) редовно учествувало како наемна војска низ историјата на Македонското Кралство и Македонската Империја?
- ... дека советскиот писател Андреј Платонов (1899-1951) се смета за предвесник на егзистенцијализмот?
- ... дека селото Долни Дисан, Неготинско има исклучително палеонтолошко наоѓалиште, каде се откопани коски од камили, жирафи, лавови, хиени, мастодонти и хипариони стари 10 милиони години?
- ... дека палеолитската статуетка Вјестоничка Венера најдена кај Брно, Чешка е најстарата досега пронајдена керамичка ракотворба?
- ... дека Постојнската Јама е првото место што добило електрично осветлување (1884) во Словенија, дури и пред Љубљана?
- ... дека џин-тоник настанал од потребата да се натераат британските морнари да примаат кининска вода (тоник) против маларија со додавање на лимета и џин за вкус?
- ... дека во Ресенско постојат барем 125 познати археолошки наоѓалишта?
- ... дека во микродржавата Либерланд помеѓу Србија и Хрватска е всушност поголема по површина од Ватикан или Монако?
- ... дека во Гостиварско постојат барем 138 познати археолошки наоѓалишта?
- ... дека Зоолошката градина во Скопје е отворена во 1926 г.?
2014
[уреди извор]- ... дека македонската заедница во Аргентина брои околу 30.000 жители?
- ... дека „Тур Даун Андер“ е втората по посетеност велосипедска трка во светот, веднаш по „Тур де Франс“?
- ... дека сите досегашни кралеви на Саудиска Арабија се синови на кралот Абдулазиз (првиот владетел со оваа титула)?
- ... дека според старите македонски преданија, Богојавление има претхристијанско потекло, поврзано со богот Дајбог кој се појавувал и ги исполнувал желбите на луѓето?
- ... дека Атанас Бадев (1860-1908) се смета за еден од првите професионално школувани македонски композитори?
- ... дека херпетологијата е гранка на зоологијата што се занимава со проучување на водоземците?
- ... дека Индија е поделена на 28 сојузни држави и 7 сојузни територии?
- ... дека Хендловата „Музика на вода“ е компонирана за кралскиот спектакл на барки на Темза приреден за Џорџ I?
- ... дека Скопска Црна Гора е наречена „Скопска“ за да се различи од истоимената планина помеѓу Серско и Драмско во североисточна Беломорска Македонија?
- ... дека битолскиот револуционер од еврејско потекло Рафаел Камхи се смета за еден од најголемите финансиери на Македонската револуционерна организација?
- ... дека во Македонија традиционално се користеле кирилични бројки наместо подоцна воведените арапски?
- ... дека селото Вирово, Демирхисарско е прогласено за културно наследство на Македонија како „стопанска целина“ поради своите познати традиционални валавници?
- ... дека Хелсинки претставува најсеверниот главен град во рамките на Европската Унија?
- ... дека македонскиот народ во минатото галаксијата Андромеда ја нарекувал Гумно?
- ... дека женката на еленот се нарекува кошута?
- ... дека поскокот е најотровна змија во Македонија и цела Европа?
- ... дека филозофот Готфрид Вилхелм Лајбниц по татко бил Лужички Србин?
- ... дека Јудит Полгар се смета за најдобра шахистка на сите времиња?
- ... дека и покрај долгата историја и службениот статус, ирскиот јазик како мајчин го користи само многу мал дел од населението на Ирска?
- ... дека во Поречието има преку 60 досега пронајдени археолошки наоѓалишта?
- ... дека според Националната класификација на културното наследство на Македонија, верувањето во пелинот како света и лековита билка се смета за категорија на духовно наследство на земјата?
- ... дека родителите на Цар Самуил се погребани во преспанско-леринското село Герман?
- ... дека во местото Прора на островот Риген во Германија е изградено одморалиште кое претставува најголемиот угостителски објект во светот со сместивост од 20.000 легла?
- ... според три различни преданија, во гробницата „Струмин гроб“ е закопана сестра на Крале Марко, ќерка на властелин од периодот пред средновековието или принцот Персеј, роднина на Александар Македонски?
- ... највисоката точка во Холандија е ридот Фалсерберг со само 322,7 м?
- ... ирскиот композитор Џон Филд е творец на ноктурното, подоцна популаризирано од Шопен?
- ... глумецот Никола Ристановски е роден во чешкиот град Острава?
- ... планината Плачковица, според едно народно предание, го добила името како место каде малиот принц Александар е доведен за да престане да плаче и да стане јунак?
- ... дека едноотворните (клунарите и клунестите ежови) се единствените цицачи што несат јајца?
- ... дека користењето на Катлановското Блато било регулирано од властите уште од XI век?
- ... дека единственото населено место во Општина Вевчани е селото Вевчани?
- ... дека вулканската планина Олимп на Марс е висока дури 22 километри?
- ... дека чумата во Европа стигнала преку монголската војска на Златната Орда?
- ... дека гробницата во Кутлеш му припаѓа на кралот Филип III Аридеј?
- ... дека планината Славјанка подеднакво припаѓа и на Егејска и на Пиринска Македонија?
2013
[уреди извор]- ... се верува дека хунскиот водач Атила е погребан во подземна гробница, над која била навртена реката Тиса?
- ...археолошкото наоѓалиште Кале во демирхисарското село Обедник кај мештаните се нарекува „Куќата на Кралот“?
- ... во Македонија има 10 ендемски видови на каранфили?
- ... гуџаратскиот е мајчин јазик на Махатма Ганди — „Таткото на Индија“ и Мухамед Али Џина — „Таткото на Пакистан“?
- ... номофобијата е патолошки страв од немање пристап до мобилен телефон?
- ... Алеф-нула () е најмалиот бесконечен кардинален број?
- ... во 1970 година британските власти ги преселиле Чагошаните од архипелагот Чагос за да можат Американците да основаат воена база на истите?
- ... Розовото фламинго (Phoenicopterus roseus) живее и во Македонија?
- ... Природонаучниот музеј на Македонија е основан во 1926 г.?
- ... Селото Б’с, Кривопаланечко го има најкраткото име на населено место во Македонија?
- ... титулата Свет римски цар потекнува од надлежноста на неговите претходници врз Римокатоличката црква како владетели на Западното Римско Царство пред подемот на папството?
- ... познатиот македонски глумец Ристо Шишков се подготвувал да стане атомски физичар пред да се реши за глумата?
- ... Аралското Езеро е сведено на поголема бара поради прекумерното користење на водата од реката Аму Дарја (негов единствен доток) за наводнување на памучните полиња?
- ... лазарополскиот кнез Ѓурчин Кокале (1775–1863) важи за еден од првите македонски преродбеници?
- ... дека дабот бил обележје на древните македонски кралеви и свето дрво на словенскиот бог Перун и германскиот бог Тор?
- ... единицата за тежина фунта во Македонија се нарекувала „литра“?
- ... јаванскиот јазик го говорат околу 75,5 милиони луѓе — 30 % од населението на Индонезија?
- ...денес валонскиот јазик се смета за скоро исчезнат јазик, првенствено поради доминацијата на францускиот јазик во Валонија и забраната за употреба на валонскиот јазик од 1952 година?
- ... покрај аритметичката и геометриската средина, модусот, медијаната, и просекот се видови на средна вредност?
- ... Тајланд е поделен на дури 76 покраини?
- ... фризискиот јазик е рамноправен со холандскиот во покраината Фризија?
- ... географскиот центар на Македонија се наоѓа во Длабок Дол, во атарот на селото Долно Врановци?
- ... Википедија има изданија на вкупно 285 јазици?
- ... помеѓу XIV и XVI век, во Белорусија се користела белоруска арабица, откако доселените Татари го усвоиле белорускиот јазик, задржувајќи го писмото од татарскиот?
- ... кај екраните, секој пиксел е поделен на три „потпиксели“ за трите основни бои (црвена, сина и зелена)?
- ... летот со „Сојуз 1“ го направил Владимир Комаров прв човек којшто летал во вселенското пространство повеќе од еднаш, но и прв човек којшто загинал за време на лет во вселената?
- ... според УНЕСКО, во Македонија се зборуваат 7 загрозени јазици?
- ... титулата свет римски цар потекнува од надлежноста на неговите претходници врз римокатоличката црква како владетели на Западното Римско Царство пред подемот на папството?
- ... познатиот македонски глумец Ристо Шишков се подготвувал да стане атомски физичар пред да се реши за глумата?
- ... Аралското Езеро е сведено на поголема бара поради прекумерното користење на водата од реката Аму Дарја (негов единствен дотек) за наводнување на памучните полиња?
- ... лазарополскиот кнез Ѓурчин Кокале (1775–1863) важи за еден од првите македонски преродбеници?
- ... розовото фламинго живее во Македонија?
- ... дека дабот бил обележје на древните македонски кралеви и свето дрво на словенскиот бог Перун и германскиот бог Тор?
- ... Србија е поделена на 29 окрузи?
- ... покрај аритметичката и геометриската средина, модусот, медијаната, и просекот се видови на средна вредност?
- ... Тајланд е поделен на дури 76 покраини?
- ... фризискиот јазик е рамноправен со холандскиот во покраината Фризија?
- ... географскиот центар на Македонија се наоѓа во Длабок Дол, во атарот на селото Долно Врановци?
- ... Природонаучниот музеј на Македонија е основан во 1926 г.?
2012
[уреди извор]- ... врвот на вулканот Чимборасо (Еквадор) е најоддалечената точка на Земјата од нејзиниот центар?
- ... Индија има дури 45 града со повеќе од милион жители?
- ... езерото Лох Неј во Северна Ирска е најголемото езеро на Британските Острови?
- ... Музејот на модерната книжевност во Марбах (Германија) е добитник на престижната Стерлингова награда за архитектура?
- ... во 2010, политичката групација БРИК е преименувана БРИКС со влегувањето на ЈАР?
- ... прочуениот ренесансен уметник Бенвенуто Челини бил повеќе пати осудуван за содомија и убиства?
- ... тајландскиот јазик има пет варијанти на употреба: улична, отмена, беседничка, верска и кралска?
- ... кукувијата (Tyto alba) е најраспространетата копнена птица во светот?
- ... Каролинскиот Остров, кој е дел од Кирибатите, била првата територија која на 1 јануари 2000 година преминала во новиот милениум?
- ... со своите 634 м, новоизградената кула „Токиско небесно дрво“ е втора градба по височина во светот?
- ... Грампијанските Планини зафаќаат речиси една половина од површината на Шкотска?
- ... Земјата не се врти исправено, туку нејзината оска е навалена за 23,44 степени?
- ... Стоболката (Spermophilus citellus) е така наречена поради народното верување дека лечи од сто болести?
- ... во Африка има дури 535 јазици од групата банту?
- ... во математиката постојат бесконечности со разни големини (кардиналности) кои се претставуваат со алеф-број?
- ... името на Охридското Езеро е добиено од словенските доселеници, кои дошле од областа покрај реката Охрже во Чешка?
- ... неодамна пронајдената метална микрорешетка е најлесниот материјал на светот?
- ... националниот симбол на Монголија е всушност еден од знаците на едно постаро монголско писмо?
- ... на 15 март 1948 започнала евакуација на децата од селото П’пли, при што било иселено 91 дете во 4 групи?
- ... како момче, Џозеф Далтон Хукер учествувал во експедицијата на Џејмс Кларк Рос со која било потврдено постоењето на Антарктикот?
- ... градското собрание на Хамбург има 647 соби, 6 соби повеќе отколку Бакингемската палата?
- ... во македонскиот јазик, покрај вокативни падежни остатоци, постојат и акузативни падежни остатоци?
- ... Костарика ја укинала својата армија во 1949 година?
- ... со уривањето на зградата во скопскиот земјотрес во 1963, фондот на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ бил привремено сместен во Даут-пашиниот амам?
2011
[уреди извор]- ... според легендата, црквата „Св. Андреја“ во Киев била основана од Апостол Андреја?
- ... во почетокот на Втората светска војна, окупирана Македонија била поделена помеѓу Бугарија, Италија и Германија?
- ... дизајнирањето на Лара Крофт било инспирирано од шведската пејачка Нене Чери?
- ... градот Зрењанин под отоманска власт паднал со помош на српското население на градот?
- ... во Првата светска војна биле регрутирани најмалку 44.496 Македонци во српската армија?
- ... во 2003 година, глобалната трговија со дрога остварила приходи од 321,6 милијарди американски долари?
- ... Хипарх се смета за основач на тригонометријата?
- ... Халберштат е местото на првите документирани големи постојани оргули, поставени во 1361 година?
- ... новиот стадион на ФК Јувентус бил изграден на местото на поранешниот Деле Алпи?
- ... миксомицетите се најбројни лигави габи?
- ... атентатор на Велимир Прелиќ била Мара Бунева?
- ... во музејот на македонската борба (на сликата) се наоѓаат 109 восочни фигури од личности од македонската историја?
- ... морската милја е единица за должина која изнесува околу една лачна минута географска должина долж некој меридијан?
- ... Вилхелм II бил последниот император и крал на Германија?
- ... Ариевското уверение станало задолжителено за сите чиновници во Нацистичка Германија?
- ... Харието бил водач на банда салиски платеници во служба на Римското Царство?
- ... тајане претставува македонски календарски обичај поврзан со празникот раѓањето на Свети Јован Крстител?
- ... Бабин Јар е местото каде на 29 и 30 септември 1941 година биле убиени најмалку 33.771 Евреи?
- ... Хилперик II издал указ според кој им дозволил на жените да го наследуваат татковиот имот?
- ... Германското Царство постоело до крајот на Првата светска војна?
- ... писателките од семејството Бронте своите дела првично ги издавале под машки псевдоними?
- ... Едвалд Боасон Хаген станал трет најдобар велосипедист во светот според UCI кога имал само 22 години?
- ... Пепи Манасков, е прогласен за најдобар македонски ракометар на 20 век?
- ... Шри Сатја Саи Баба тврдел дека е реинкарнација на Саи Баба од Ширди?
- ... Киевско-печерската лавра претставува најстаро православно светилиште на Источните Словени?
- ... Филип Жилбер е првиот Белгиец во историјата, кој победил на трите Арденски класици во една година?
- ... Рајхсвер претставувале вооружени сили на Германија во периодот од 1919 до 1935 година?
- ... Работничката партија на Кореја во земјата владее од нејзиното основање во 1949 година?
- ... Хорарната астрологија е гранка на астрологијата, при што астрологот одговара на конкретно поставено прашање?
- ... знамето на Обединетите Нации е усвоено во 1947 година?
- ... функцијата Премиер на Прусија постоела од 1702 до 1947 година?
- ... Островот Свети Мартин во Карипското Море е поделен на меѓу Франција и Холандија?
- ... Сава, е река која ја обележува северозападната граница на Балканскиот Полуостров?
- ... со Договорот од Троа, англиските владетели требало да го наследат престолот на Франција?
- ... ПФК ЦСКА Москва е прв руски тим кој некогаш освоил европски куп?
- ... Сју Гарднер е тековниот извршен директор на Фондацијата Викимедија во Сан Франциско?
- ... Џон Тошак е актуелен селектор на Македонската фудбалска репрезентација?
- ... споменикот на Зебрњак е подигнат во чест на победата на српската војска во Кумановската битка, која ја одлучила Првата балканска војна?
- ... на Китино Кале над Кичево постоела голема статуа (фотографија) на хероината Олга Мицеска која поради разголеноста веднаш по поставувањето била урната од страна на тогашните комунистички власти?
- ... Владимир Лисин е најбогатиот човек во Русија?
- ... Шајлок е лик во драмата Венецијански трговец на Вилијам Шекспир?
- ... Кумановскиот договор стави крај на бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија?
- ... Александар Литвиненко бил отруен со токсичниот радиоактивен изотоп полониум-210?
- ... Екарт Толе според „Њујорк Тајмс е најпопуларниот автор за духовниот живот во САД?
- ... во градот Хургада, сончевите денови траат 3.800 часа годишно, што е еден од највисоките рекорди во светов?
- ... Од Македонија биле протерани повеќе од 10.000 Евреи во логорот Треблинка?
- ... езерото Восток е најголемо од 150-те езера под ледената капа на Антарктикот?
- ... Република Македонија е потписник на Болоњската декларација од 2003 година?
- ... Главоболката се појавува најмалку еднаш кај 95% од луѓето и тоа најчесто на возраст од 20 - 40 години?
- ... забраната за прикажување на две дела на македонскиот уметник Александар Станковски во Малта, предизвикала протести против цензурата во оваа држава?
- ... на Бахамите не се плаќа данок на доход, данок на додадена вредност и данок на имот, кои ја прават земјата една од оние со најконкурентни даночни режими?
- ...од првите повеќепартиски избори до денес, во Македонија продефилирале над сто политички партии?
- ...и Сатурновата месечина Титан има свое „Охридско Езеро“, наречено во чест на истоименото езеро во југозападна Македонија?
- ...eден фосил на оклопна риба (Materpiscis attenboroughi) стар 380 милиони години поседува карактеристична градба која укажува на живородност?
- ...герилското градинарство опфаќа одгледување на растенија на земјиште кое е запуштено од неговиот законски сопственик, без негова дозвола?
- ...стадионот Камп ноу во Барселона има 98.787 седишта, со што е најголемиот стадион во Европа?
- ...македонската и украинската Википедија се единствените кирилични изданија на Википедија што го погодиле правилното име на Весли Снејдер?
- ...главниот лик од серијалот видеоигри „Half-Life“, Гордон Фримен, никогаш не проговорил?
- ...византиското Биро за варвари претставува првата позната институција која била задолжена за меѓународните односи на една држава?
- ...во светот има 29 земји каде што францускиот јазик е официјален?
- ...Аветите се способни да ја завртат својата глава за речиси 360°?
- ...стигмите кои ги имал Свети Пио сосема исчезнале пред да го напушти земскиот живот?
- ...инфраструктурата во Тавантинсују била толку добра што Часките од Кито до Куско пренесувале порака за само една седмица? (~1500 km)
2010
[уреди извор]- ...Хаити е првата независна држава во Латинска Америка и воедно единствена држава која својата независност ја стекнала преку успешна буна на робови?
- ...Делавер е првата сојузна држава на САД и првата држава која го ратификувала уставот на САД?
- ...по зголемено внесување на јаглехидрати, една десетина од црнодробната маса може да постои како гликоген?