Ламех (татко на Ное)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За истоимениот потомок на Каин, видете Ламех (потомок на Каин).
Ламех го држи новороденчето Ное

Ламех (библиски хебрејски: למך) — библиски патријарх, осмиот потомок од Адам во поколението на Сит, син на Матусал, татко на Ное.

Ламех имал 182 години (според Танахот) и 188 години (според Септуагинтата) кога се родил неговиот син Ное и живеел 777 (според Танахот) или 753 години (според Септуагинтата).[1] Тој е последниот од побожните патријарси од претпотопниот период.[2]

Името Ламех го носи и шестиот потомок на Адам во поколението на Каин.[3] Врз основа на сличностите во родословијата на Каин и Сит и сличностите во имињата на нивните потомци, вклучително и совпаѓањето на имињата „Ламех“, М. Фишбејн предложил и двете родословија да се вратат на една единствена традиција.

Варијанти на пишување на името

[уреди | уреди извор]

Покрај Ламех, постојат и пишувања:

  • Ламек[4]
  • Ламкан (Ламак или Ламах).[5]
АдамЕва
КаинАвелСит
ЕнохЕнос
ИрадКаинан
МехујаелМалелеил
МатусалЈаред
АдаЛамехЦилаЕнох
ЈавалЈувалТувал-КаинНоемаМатусал
Ламех
Ное
СимХамЈафет

Старозаветна приказна

[уреди | уреди извор]

Според книгата Битие, Ламех го нарекол својот син Ное, „...велејќи: ќе нè утеши во нашата работа и во трудот на нашите раце при обработувањето на земјата што ја проколнал Господ Бог“. Овие зборови можат да се разберат во контекст на значењето на зборот „Ное“ (נח) на еврејски — „одмор“, „мир“. Според богословите, со ова тој пророкувал дека под неговиот син Ное ќе има мир на земјата, оптоварена со Божјото проклетство.[2]

  1. Бит. 5:28–31
  2. 2,0 2,1 Ламех // Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона : в 86 т. (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1890—1907. (руски)
  3. Бит. 4:18
  4. Книга Яшера (Праведного). Глава 3, абзац 13. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2019-03-10. Посетено на 2024-08-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. Абу-ль-Фадль Аллами. Акбар-наме. Том 1 (руски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]