Гваш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рубенс: Предел

Гваш — сликарска техника со водени бои кои се мешаат со покривна бела боја. Затоа, за разлика од акварелните бои, тие се непроѕирни. Пигментите на боите се врзуваат со гумиарабика, декстрин или синтетичко лепило. Гваш-боите стануваат посветли при сушење и не се отпорни на вода. Техниката гваш најчесто се користи во минијатурно сликарство или за подготовка на слики во масло.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]