Координати: 40°45.04′N 23°23.14′E / 40.75067° СГШ; 23.38567° ИГД / 40.75067; 23.38567

Јакина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 06:39, 10 ноември 2019; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Создадена страница со: {{Инфокутија Место во Грција |name = Јакина |name_local = Ασκός |image_skyline = |caption_...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јакина
Ασκός
Јакина is located in Грција
Јакина
Јакина
Местоположба во областа
Јакина во рамките на Лагадина (општина)
Јакина
Местоположба на Јакина во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°45.04′N 23°23.14′E / 40.75067° СГШ; 23.38567° ИГД / 40.75067; 23.38567
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаСухо
Надм. вис.&10000000000000480000000480 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.426
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 16
Повик. бр.23950

Јакина (грчки: Ασκός, Аскос; до 1927 г. Γιακίνια, Јакинија[2]) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Лагадина во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.426 жители (2011).

География

Селото е сместено во јужните пазуви на Богданската планина, на 9 км јужно од Сухо и источно од Лагадина.[3]

Историја

Во османлиско време Јакина првобитно била населена со Јуруци, а потоа станала турско село со 153 куќи. кое впрочем било збир од повеќе маала: Камбулу, Кара Исли, Меминли, Дере Махале, Прнар Баши, Џами и Чил Махале.[3] Со Букурешкиот договор во 1913 г. тој дел на Македонија потпаднал под Грција, кога селото броело 1.186 жители, сите Турци. Во 1920 г. се забележани вкупно 1.156 турски жители, иако населението на секое маало е попишано одделно; исклучок било Меминли, кое повеќе не постоело.[3] Во 1924 населението како муслиманско е иселено во Турција, и во Јакина властите довеле Грци дојдени од Аскос (денес Јалиќој), Источна Тракија, а подоцна и понтски Грци од селото Ахтас.[4] Во 1927 г. името му е сменето во Аскос, според источнотракиското село од кое дошле првите доселени Грци.

На пописот од 1928 г. е заведено дека Јакина се состоела од маалата Камбулу, Кари Исли, Меминли и Прнар Баши, состоејќи се од вкупно 1.307 жители. Во 1940 г. е забележано дека во Јакина живееле 1.336 лица, за во 1951 г. да се зголемат на 1.802, а во 1961 на 2.143 жители.[3] Во 1971 г. населението се намалило на 1.667 лица, па повторно почнало да се зголемува, со 1.788 во 1981 и 2.012 во 1991 г.[3] Оттогаш, во следните децении бројт на жителите бележи повторен пад. лпга во 2001 г. се попишани 1.493, а во 2011 г. — 1.426 жители.

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.336 1.802 2.143 1.667 1.788 2.012 1.493 1.426
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото има површини од обработливо земјиште со плодна почва на која се произведуваат памук, пченица и други култури.

Поврзано

Наводи

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιακίνια -- Ασκός
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 285.
  4. Портал на гимназијата во Јакина

Надворешни врски